Погледнете го новиот концепт за Leaf Nismo!

Погледнете го новиот концепт за Leaf Nismo!

Nissan ја претставија новата верзија на нивниот комплетно електричен модел Leaf, и наговестија дека работат на Leaf Nismo електричен хечбек продукциски модел.

Наречен Leaf Nismo концепт, овој автомобил ќе дебитира на Tokyo Motor Show следниот месец, со неговиот спортски стајлинг и помоќен електричен погон. Не се знаат премногу информации околу неговата моќност, но инсајдери од компанијата велат дека перформансите ќе му бидат слични на Ford Focus RS, и дека може да се очекува забрзување од 0-100км/ч за помалку од 6 секунди.

Leaf Nismo се разликува од стандардниот Leaf по големите алуминиумски бандажи, понискиот праг, црно-белиот финиш, поагресивни предни браници и странични елементи, како и спортски црвени акценти на каросеријата.

Nismo Leaf се очекува да има зголемен капацитет на батеријата сличен на оној на Leaf моделот кој треба да се појави во 2019, што значи зголемување на дометот над 380km за 30 до 50% кај моделот со батерија од 40kWh.