Погледнете го новиот изглед на Џулија Робертс

Погледнете го новиот изглед на Џулија Робертс

Холивудската актерка Џулија Робертс моментално во Њујорк го снима филмот Ben is Back, а нејзиното движење постојано го следат папараците.

Актерката ја смени бојата на косата и фризурата, првенствено за потребите на филмот, кој ќе го гледаме наредната година. Тоа што сите прво приметиа е дека актерката е повторно со црвена боја на косата, како во филмот Pretty Woman.

Џулија долго време имаше плава боја на коса, но се чини дека црвената боја одлично и стои, изгледа доста помладо.

Таа наполни 50 години, а магазинот People ја именуваше за најубава личност на светот, по 5 пат.