Погледнете го новиот Honda Sports EV концепт

Погледнете го новиот Honda Sports EV концепт

Honda Sports EV концепт е комплетно електричен спортски двосед кој би ја пополнил празнината во поглед на перформансите помеѓу моделите Civic Type R и NSX.

Sports EV концептот е наследник на Urban EV концептот на Honda кој дебитираше на Frankfurt Motor Show во септември. Додека за тој модел е потврдено дека ќе започне да се произведува во 2019-та, за Sports EV сè уште не се знае кога би се појавил на пазарот.Ова спортско електрично возило е изградено врз истата платформа како и Urban концептот, иако за него сè уште не се објавени никакви технички детали. Но, бидејќи се работи за спортски модел, се претпоставува дека погонот најверојатно ќе биде на задните тркала.

Спортското купе ја продолжува дизајнерската тема на Urban EV, со ретро дизајнерските елементи како коцкастите задни и округлите предни фарови, и осветлен беџ на црните предни решетки.

Од Honda велат дека Sports EV ќе користи вештачка интелигенција, и дека нивната цел е да креираат продукти кои ќе ја подобрат удобноста на нивните клиенти.

Sports EV ќе игра улога во електрификациската стратегија на компанијата, која планира две третини од нивните возила до 2030-та да користат некоја форма на електрификација, а таа цел во Европа би требало да се постигне до 2025-та.