Погледнете го новиот BlackBerry Aurora со две SIM картички

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.03.2017 - 16:28

Како што се очекуваше, компанијата BB Merah Putih официјално го претстави смартфонот BlackBerry Aurora за индонезискиот пазар. Ова е првиот паметен телефон, лансиран на пазарот од BB Merah Putih во рамките на договорот за лиценца со BlackBerry Limited, објавен во септември минатата година.

Уредот не само што е првиот BlackBerry уред произведен во Индонезија, но е и првиот што доаѓа со поддршка за две SIM картички, изјави Стенли Виџаџа, потпретседател на BB Merah Putih. Спецификациите на смартфонот вклучуваат 5.5-инчен дисплеј со 720p резолуција, Snadpragon 425 чипсет, 4 GB RAM меморија и 32 GB вградена. Главната камера е 13-мегапикселна, а предната – 8 мегапиксели.

Капацитетот на батеријата е 3000 mAh. BlackBerry Aurora работи со Android 7.0 Nougat оперативен систем и пристигнува во црна, сива и златна боја. Цената е околу 260 американски долари. Прелиминарните договори веќе започнаа.