Погледнете ги специјалните изданија на Mercedes SLC и SL

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 08.02.2017 - 02:34

Во Mercedes SLC веќе ги примаат нарачките за своите два атрактивни модели на кабриолети, а првите испораки на купувачите се очекуваат веќе го април.

Станува збор за специјалните едиции на моделите SLC и SL, кои за ова посебно издание добија повеќе шминка и ексклузивни детали.

Имено, Mercedes SLC RedArt Edition однадвор се разликува во однос на стандардната верзија по посебната боја на каросеријата (мат сива или бисерно бела), ексклузивните 18-инчни тркала и црвените детали на каросеријата.

Купувачите кои ќе го набават овој модел во комбинација со пакетот AMG Line ќе добијат и специјално дизајнирани спојлери, спортска суспензија, погласен издувен систем, редизајнирана инструментална табла и поинакви теписи.

Mercedes RedArt едицијата ќе се нуди со моделите SLC 180, 200, 250d, 300 и AMG43. За најевитниот модел ќе треба да издвоите околу 40.000 евра, додека најскапиот чини 62.207 евра.

Многу поскап е кабрио моделот SL, кој во опцијата Designo Edition се карактеризира со Brilliant сина боја на каросеријата и ексклузивни 19 и 20-инчни тркала. Покрај соодветните ознаки, тука се и неколкуте хромирани детали по кои се издвојува овој модел од стандардните.

Цената на SL 400 Designo Edition изнесува 117.107 евра, за посилниот SL 500 ќе треба да издвоите 137.088 евра.