Подобро здравје со помош на 8 мали трикови!

Подобро здравје со помош на 8 мали трикови!

Доколку сакате да ги подобрите своите навики во исхраната, потрудете се да се придржувате до овие неколку едноставни совети:

1. Започнете го денот со појадок

Сигурно многу пати сте слушнале дека не е добро да го прескокнувате појадокот. Ако за појадок консумирате повеќе протеини, на своето тело ќе му направите голема услуга. Се повеќе истражувања покажуваат дека протеинскиот појадок Ве одржува во подобра кондиција во текот на денот и Ви прави да чувствувате помалку глад. Појадувајте омлет од јајца и напијте се чаша јогурт, а со додавање на зеленчук ја зголемувате нутритивната вредност на појадокот. Најдобро би било да ги отстраните јаглените хидрати или да ги сведете на минимум бидејки продуктите богати со јаглехидрати Ви прават да се чувствувате почесто гладни.

2. Ставете му крај на непромисленото јадење

На храната и е потребно свое место и време. Ако гледате филм или спортски натпревар и патем нешто грицкате, Вие всушност и не сте свесни за храната која ја внесувате, туку едноставно ја внесувате во уста само затоа што Ви е достапна. Поставете си правило дека нема да грицкате нешто само затоа што сте пред телевизорот и Ви е потребна занимација. Ако не можете лесно да го избегнете ова, пробајте го трикот со гума за џвакање. Така пред моментот да посегнете по грицките, ќе се потсетите дека прво треба да ја извадите од уста гумата за џвакање и тоа ќе Ве потсети дека повторно несвесно се прејадувате.

3. Направете список за купување

Кога станува збор за здравата исхрана, прво во редот на работи кои треба да ги направите е да напишете список за намирниците кои Ви се потребни. Направете план и придржувајте се до него. Исто така, добро е да го одредите точното време кога ќе одите да пазарувате. На тој начин ќе го избегнете импулсивното купување и одење до маркет кога сте гладни.

4. Пијте повеќе вода

Покрај тоа што ќе Ви помогне во хидратација, водата Ви помага да ја одржувате својата телесна тежина. Желудникот всушност и нема сензор за калории, туку само сензор кој ви кажува кога желудникот Ви е полн. Ако се напиете малку вода пред јадење, ќе го ублажите чувството на глад бидејки желудникот „мисли“ дека храната е веќе пристигната. Истражување спроведено на Универзитетот Viriginia Tech покажало дека луѓето што пијат малку вода пред секој оброк, внесуваат меѓу 75 и 90 проценти помалку калории.

5. Пробајте нешто ново

Само затоа што сте многу прибирливи, не значи дека тоа треба така да остане засекогаш. Нашиот вкус се менува, особено ако сте подготвени да пробувате нови намирници, текстури, вкусови и мириси, Пробајте некој нов рецепт, можеби ќе ви се допадне.

6. Сервирајте ја храната во мали порции

Истражувањата покажуваат дека луѓето јадат околу 90% од храната која им е сервирана без разлика на тоа колкава е порцијата и колку биле тие навистина гладни. Земете помала чинија и на тој начин ќе јадете помалку. Неколку центиметри плус на чинијата значат и неколку калории повеќе. Психички нема да чувствувате дека нешто Ви е скратено бидејки сепак ќе имате полна чинија пред себе.

7. Никогаш не јадете грицки директно од пакувањето

Доколку се воздржите од грицкање директно од пакувањето, ќе имате повеќе контрола врз тоа што сте го изеле. Дури и кога се работи за обично јаболко, исечкајте го на парчиња и ставете го на чинија. Така ќе јадете помалку и промислено.

8. Исфрлете ги засладените пијалоци

Многу истражувања покажале дека засладените и газираните пијалоци се многу штетни. Таквите сокови го зголемуваат ризикот за срцеви болести, дијабет и здебелување. Многу луѓе, само со консумирање на газирани сокови внесуваат повеќе од 500 калории дневно. Покрај газираните пијалоци, во оваа категорија влегуваат и разни засладени чаеви, кафе и спортски напитоци. Наместо нив, пијте обична или минерална вода. Ако сакате да ја засладите обичната вода, може да додадете мали парчиња овошје.