Подобро да појадувате пица отколку житарки!

Подобро да појадувате пица отколку житарки!

Челси Ејмер, нутриционистка од Њујорк истакнува дека “едно парче пица содржи повеќе маснотии, но значајно помалку шеќери од поголемиот дел индустриски произведени житарки”. Со тоа, оваа намирница помалку влијае врз нивото на шеќер во крвта.

Само една шолја такви житарки содржи околу 18 грама шеќери што е многу блиску до дневната препорака за жени која изнесува 25 грама на дневно ниво. Освен тоа, во организмот нема да внесете ниту еден грам добри масти (кои инаку би ги добиле од интегралните житарки).

Освен тоа, Ејмер додава дека едно парче пица, колку и нездраво да звучи, има повеќе протеини од типична чинија житарици, така што може подолго да го задоволи вашиот апетит и да го спречи грицкањето помеѓу оброците.

Но, пред автоматски да ги замените утринските житарки со пица, важно е да запаметите дека пицата не е здрава намирница и секако не би требало да ја консумирате секојдневно.

Доколку навистина сакате хранлив појадок, започнете го денот на поздрав начин, на пример со јогурт и овошје, со што ќе внесете повеќе протеини и калциум или со незасладени овесни снегулки, поради големата количина на влакна и антиоксиданси.

Постојат и други начини да ја направите и вкусната пица поздрава. Наместо шунка и бело тесто, направете интегрално тесто кое ќе го комбинирате со парчиња пилешко месо, спанаќ, зеленчук па дури и јајца како додатен извор на протеини.