Поддржете ја активноста на Orbit, оваа година подарува илјадници детски насмевки.

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 19.04.2017 - 14:21

Оваа година за прв пат во Македонија компанијата Марс Оверсис Холдингс Претставништво Скопје,ја спроведува акцијатаOrbit подарува насмевка со цел едукација на децата од училишна возраст за потребата од правилно и секојдневно одржување на оралната хигиена, како и превенција од појава на кариес на најмала возраст, со што ќе се изградат нивните здрави навики и ќе се подобри општата состојба на оралното здравје.

Проектот е од глобаленкарактер и секоја година бројот на земји учеснички се зголемува, а постигнатите резултати се извонредни,посебно во делот на подигнување на свесноста за оралната хигиена кај децата, а преку нив и кај возрасните.

Orbit авантурата ќе се реализира во 2 фази,првата започнува на 1ви мај и траесѐ до 30ти јуни и во неа сите граѓани, со купување на своите омилениOrbit гуми за џвакање ќе допринесат во поголема покриеност на проектот.

Со почетокот на новата учебна година, започнува и втората фаза во која Orbitкараванот ќеја започне обиколката на училиштата низ земјата. Низ игра и забава, многу сликовито стручниот стоматолошки тим ќе ги едуцира децата за потребата од одржување  на оралната хигиена и нејзиното секојдневно правилно имплементирање.

Orbitкараванот ќе биде интересен и полн изненадувања, а од него децата на забавен начин ќе научат зошто и како треба да се грижат за своите заби.

Проектот е поддржан од Национална стратегија за превенција на орални заболувања кај деца од 0-14 години во Македонија.

Најубаво е кога децата се смеат, а уште поубаво е кога насмевката има здрави заби!

Заедно за здрава детска насмевка.