Почнете да се однесувате вака доколку сакате да ве сфатат сериозно!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 21:50

Доколку сакате да бидете сфатени сериозно и прифатени во деловниот свет, мора да ги знаете правилата на игра.

Време е да пораснете и да сфатите дека има правила на однесување кои или ќе ви отворат или ќе ви затворат многу врати, па треба да ги знаете:

1. Секогаш бидете информирани

Да бидете интелигентни не е доволно. Доколку не знаете што да кажете подобро е да премолчите, а следниот пат да дојдете со повеќе информации за што и да се работи.

2. Стојте на својот збор

Ако ветите дека нешто ќе направите, направете го тоа. Веќе вториот пат кога нема да си останете на зборот, луѓето ќе почнат да ве перцепираат како нестабилна личност, или полошо, како лажго.

3. Бидете уредни и дотерани

Начинот на кој се презентирате себеси во јавноста ја одразува почитта која ја имате за себе и за своето работно место. Немате изговори.

4. Внимавајте на својот тон

Никој не сака да соработува со непријатна личност, макар таа да е најквалификуваната. Внимавајте како се однесувате со другите.

5. Бидете точни

Доцнењето е знак за непочитување. Доколку постојано доцните никој нема да ве смета за сериозна личност што има контроола врз својот живот, ниту ќе може да се потпре на вас.