Почина "таткото" на легендарниот Пак-мен

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 31.01.2017 - 15:55

Човекот кој го создаде легендарниот Пак-мен и кој ја основа јапонската компанија која стои зад култните игри, Масаја Накамура, почина на 91 годишна возраст.

Накамура ја основа својата компанија уште во 1959 година, а легендарниот Пак-мен кој се појави на пазарот во 1980 година беше дизајниран од страна на Тору Иватани.

Пак-мен е една од игрите кои се сметаат за класика, а според некои проценки од нејзиното создавање до сега се има одиграно преку 10 милијарди пати, па поради тоа Гинисовата книга на рекорди ја прогласи за најуспешна аркадна игра.

И ден денес популарниот Пак-мен се наоѓа на маичките, кутиите со житарици и разните производи за широка потрошувачка, а важи за омилено "дете" на Накамура.

Компанијата вчера објави дека Масаја Накамура починал, но не беа наведени причините за смртта, бидејќи така сакало неговото семејство.