Почина српскиот актер Небојша Глоговац

Почина српскиот актер Небојша Глоговац

Српскиот актер Небојша Глоговац по тешка и напорна болест починал на 48 години , јавува RTS.

Глоговац пред 10 дена бил итно примен на Институтот за онкологија. Тогаш српските медиуми пишувале дека славниот актер е тешко болен и дека неговата здравствена состојба е лоша.

Nebeska kafano stize ti biser…andjeli sa tobom. #NebojsaGlogovac #RIP

A post shared by Nemanja Milunović (@nemanjamilunovicofficial) on

Здравствената состојба на Глоговац нагло со влошила последните денови од декември, пред Нова Година, па по совет од пријателите и лекар, првите денови од новата година отишол во Германија по помош и по консултациите со тамошните лекари се вратил во Белград. Се лечел на Институтот за онкологија на Клиничкиот центар на Србија, каде примал терапии.

Актерката Наташа Нинковиќ на социјалните мрежи се простила од својот колега.

Небојша Глоговац е роден во 1969. година во Требиње, и веќе две децении е еден од најдобрите српски актери.

Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности, а со него во класата била Сергеј Трифуновиќ, Наташа Нинковиќ и Војин Четковиќ.