Победникот на Евровизија се бори за живот

Победникот на Евровизија се бори за живот

Победникот на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија, Салвадор Собрал, беше примен во болница во Санта Круз, каде што е сместен во единица за интензивна нега, која чека за трансплантација на срце.


Тој претходно ги откажал сите настапи и најавил дека ќе се повлече од сцената со цел да се посвети на здравјето.

Португалските медиуми велат дека 27-годишниот пејач е “во трка со времето” додека чека ново срце, па дури и ако се најде компатибилно срце, прашањето е дали неговото тело ќе биде доволно силно за да го прифати.

Собрал, кој победи оваа година на Евровизија со песната Амар Пелос Доис, го одржа својот последен настап на почетокот на јули во Есторил.

На крајот од концертот, му се придружи неговата сестра Луиза и заедно ја отпеаа победничката песна.

Салвадор се распадна на крајот од изведбата, ја гушкаше сестра му, а потоа се расплака пред публиката.

Поддршка доаѓа од целиот свет, а поскоро да закрепне му посакаа и Алексадер Рибак од Норвешка, како и украинскиот пејач Џамал.