Плажа на која шетаат стотина фламинга

Плажа на која шетаат стотина фламинга

Оваа рајска плажа е дефинитивно една од места во светот која би сакале да ја посетите.

Се наоѓа во Аруба, сместена на приватниот остров Ренесанс, а на само 15-тина минути возење со брод од главниот остров. Може да се пофали со бројни активности за одмор и релаксација, ресторан, велнес центар и две плажи.

 

Една плажа е наменета за родители со деца, додека другата е најтрактивната меѓу нив, бидејќи стотици фламинга слободно се шетаат долж брегот. Можноста да другаруваат со нив и да ги погалат е она што привлекува бројни туристи од целиот свет.