Планинска вила на Алпите! (фото)

Планинска вила на Алпите! (фото)

На косата полјана во регионот Лумекане во Италија, сместена е впечатливата “Алпска вила” која ја проектираше архитектот Камило Ботичини. Опкружена со природа на 700 метри над нивото на морето, оваа пространа минималистичка вила претставува вистинска оаза на мирот.

Со интересен облик и дизајн, планинската вила која се простира на 360 метри квадратни е направена од природни материјали со фасада од оксидиран бакар и дрво.

Планот на куќата е неправилен, со три целини во облик на буквата С чија висина варира. На северозападниот дел куќата се интегрира со падината, додека на исток висината се зголемува. Во првата целина на куќата се сместени три спални соби, од кои две се свртени кон внатрешниот двор кој ја опкружува куќата, додека третата спална соба е свртена кон падината.

Висината на вториот волумен во кој се наоѓа дневната соба, варира меѓу 3,5 и 4,5 метри. Кон исток дневната соба продолжува кон трпезаријата со двојна висина. Во највисокиот дел од третата целина се наоѓа кујната која е отворена кон дворот, додека над неа се наоѓа работна соба.

Главниот влез на куќата се наоѓа на југоисточната страна на куќата, накосен на три метри високата просторија. На пешачите им е овозможен пристап преку челичните скалила кои се простираат долж падината, додека накривениот влез ги води автомобилите под земја, едно ниво под главниот влез.

Геотермалниот систем и вентилните ѕидови со дебелина од 65 сантиметри ја штитат куќата од топлина и студ, намајлувајќи ги трошоците за греење и ладење и сведувајќи го загадувањето на околината речиси на нула.

“Сакавме еколошка куќа по однос на материјалите и изолацијата, опремена со вентилни ѕидови, одржлив дом кој е во баланс со природата”, објаснува архитектот.

Ентериерот на куќата е исто така модерен, направен во минималистички стил, со импозантни стаклени површини.