Пежо го подготвува новиот 4008

Пежо го подготвува новиот 4008

За неполни две години според ставовите на аналитичарите на европскиот пазар би требало да пристигне новиот SUV на Пежо – наречен 4008.

Познато е дека пазарот на SUV автомобилите е во подем, а константниот раст на популарноста, а со тоа и продажбата на ваквите модели се предвидува дека ќе трае и во следните неколку години.

Поради тоа, бројни производители започнаа да ја прошируваат својата гама на автомобили, каде што нудат најразлични SUV или во најмала рака кросовер решенија со кои што сакаат да ја зголемат својата продажба.

Шефот на Пежо во разговор со француските медиуми најави дека компанијата се подготвува за производство на нов SUV кој што на пазарот би требало да се појави најдоцна за две години.

Оваа компанија во голема мера се посвети на SUV моделите, па така само во последните две години во Европа беа претставени три модели, а на кинескиот пазар беа лансирани два модели.

Иако тоа експлицитно не го наведе, аналитичарите сметаат дека покрај актуелните модели 2008, 3008 и 5008, да се појави токму тоа што недостасува на пазарот во Европа, односно моделот чиј што назив ќе биде 4008.

Новиот 4008 на Пежо се очекува да биде „изграден“ врз платформата „ЕМП2“ која што веќе ја користат “Crossland X” и “Grandland X” на Опел. Исто така, се очекува понудата на мотори да одговара со ние во моделите 3008 и 5008, што значи дека најмоќниот агрегат ќе испорачува околу 300 коњски сили.