Пет звуци кои ги прават моделите на Porsche!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 16:54

Ако сте љубител на спортските автомобили, тогаш сигурни сме дека звукот кој го произведуваат тие ви е меѓу омилените. А, доколку тоа се моделите на Porsche, тогаш целата приказна е уште повозбудлива!

За време на презентацијата на петте најретки модели на Porsche, компанијата ги изложи и своите пет модели со најдобар звук, а таа "музика" наменета за ушите на љубителите на автомобили сега е достапна и на видеото кое го објавија на YouTube.

Видеото започнува со 911 Carerom RS 2.7 кој е произведен во само 500 примероци. Овој модел се движи на 7-цилиндричен boxer мотор кој испорачува 210 КС.

На четвртото место е легендарниот модел 550 Spyder со 1,5-литарски алуминиумски мотор кој развива 110 КС. Третото место е за 911 GT3 RS, чиј мотор испорачува 500 КС.

Второто место го завзема моделот 918 Spyder со 4,6-литарски V8 мотор и два електрични мотори со 887 КС.

На првото место се наоѓа Carrera GT од 2004 година. Произведени се само 1.270 примероци, чија цена изнесува 448.000 долари. Секој има 5,7-литарски V10 мотор кој развива 612 КС.