Перформансите на SEAT Leon Cupra R

Перформансите на SEAT Leon Cupra R

SEAT на Frankfurt Motor Show го претставија нивниот најнов хечбек – Leon Cupra R, кој ќе се продава во ограничено издание.

Новиот модел има подобрена верзија на 2.0 литарскиот турбо бензински мотор од регуларната верзија на Cupra и има моќност од 310 коњски сили, што е доволно овој автомобил да го направи најмоќниот продукциски модел во историјата на овој шпански производител. Ќе постои и верзија со 6 брзински менувач, која ќе биде помалку моќна – 305 коњски сили.SEAT сè уште ги немаат објавено бројките врзани со перформансите, но според спецификациите на конвенционалната Cupra 300, новиот модел може да се очекува дека ќе има забрзување од 0-100км/ч за околу 5.6 секунди, и најголема брзина лимитирана на 250км/ч. Cupra R ќе има и адаптивна амортизација, Brembo кочници и подобрен издувен систем.

Во поглед на дизајнот, новата Cupra ќе има поагресивен преден и заден браник, како и заден дифузер. Тркалата и страничните ретровизори ќе имаат бакарен финиш, додека carbon-fibre детали ќе има на предниот сплитер, задниот спојлер и страничните елементи.

Слики од кабината не се објавени, но се очекува истите елементи (детали од бакар и carbon-fibre) да се присутни и во неа, како и Алкантара кожа на воланот и менувачот.

Првите испораки на Cupra R се очекуваат пред крајот на оваа година, а ќе бидат произведени 799 возила.

Цената на обичната Cupra 300 е околу 34 200 евра, што значи дека Cupra R би можела да чини околу 37 000. Сепак, бидејќи се работи за ограничено издание, постои шанса таа цена да биде значително поголема.