Пеп Гвардиола не се откажува од идејата да доведе уште една ѕвезда во својот тим

Пеп Гвардиола не се откажува од идејата да доведе уште една ѕвезда во својот тим

Пеп Гвардиола не се откажува од идејата да доведе уште една ѕвезда во својот тим за да го засили нападот.

Според информациите на Мирор, шпанскиот стручњак е сериозно заинтересиран за доведување на аргентинската ѕвезда од Јувентус, Пауло Дибала, па ќе направи се за да го донесе на Етихад во летниот преоден рок.

Манчестер Сити се приклучи во трката за доведување на Пауло Дибала, тврди Мирор, а слични сознанија има и шпански Дон Балон.

Тие тврдат дека договорот за трансфер помеѓу двата клуба е веќе постигнат.

Лидерите во Премиер лигата планираат да го доведат Дибала. Договорот меѓу двата клуба е веќе постигнат, а Дибала има огромна желба да работи со Гвардиола.

Пауло Дибала во моментов е во немилост на тренерот Алегри. Најпрво беше отстранет од тимот, иако беше убедливо најдобар стрелец во Серија А. Причина за тоа е неговата физичка подготвеност, а во Јуве не толерираат такви однесувања, без разлика за кој играч да станува збор. Освен тоа, неговиот брат и прави проблеми на управата со тоа што отворено преговара со останатите клубови.

Со оглед на тоа дека не игра, а во Јуве ставот е дека секој играч што ќе побара да си замине е слободен да го направи тоа, реално е да се очекува Сити да го доведе следното лето.

Гвардиола се обидуваше да доведе засилување за нападот и во зимскиот преоден рок. Сите очекуваа Санчез да заврши во Сити, но тој на крајот заврши во Јунајтед, додека Лестер не сакаше да попушти за Ријад Марез, па Граѓаните се одлучуваат за уште поголема бомба.

Доаѓањето на Аргентинецот во Сити сигурно ќе биде скапа варијанта за овој тим, но пари не им недостасуваат. Дибала би требало да биде замената за Серхио Агуеро, кој најверојатно ќе го напушти тимот на крајот од сезоната.