Парис е секси и преку ден

[01.02.2012 - 23:25 часот]

Пред да излезе од нејзиниот дом во Лос Анџелес, Парис Хилтон реши да се осигура дека се уште ја помниме по нејзиниот сексипил, па затоа реши да ја "зачини" својата дневна комбинација со хулахопки дизајнирани да изгледаат како жартиери.

Старлетата ги искомбинира хулахопките со црн краток фустан и чипкана црна јакна и, сигурна во себе, тргна да ги "освојува" улиците на Беверли Хилс.

Но, хулахопките не беа единствениот интересен додаток кој блондинката реши да го облече за нејзината прошетка - таа исто така носеше наочари за сонце на "Prada" со впечатливи детали на рамките, а за целата комбинација да не изгледа толку монохроматски, Парис си купи розов шејк за да ја "разбие" монотонијата.

Иако фактот дека Парис хилтон е моден фанатик и е добро познат на јавноста, старлетата на некој начин е неколку чекори назад кога станува збор за трендот со жартиери.

Имено, хулахопките од колекцијата на францускиот бренд за долна облека "Chantal Thomas" станаа популарни кога беа забележани на пејачката Лили Ален во 2009-та година, а подоцна овој тренд го прифатија и Ријана и Селена Гомез кои го пренесоа истиот преку Атлантикот во ноември минатата година.

По се изгледа, Парис се обидува повторно да го оживее трендот на жартиерите во Америка, а со оглед на тоа дека таа има моќ се што ќе допре да претвори во злато, сигурни сме дека ќе успее во тоа.

[назад]
Радио МОФ