Папараците го уловија првиот јавен бакнеж на принцот Хари и актерката Меган

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.05.2017 - 18:13

Врската меѓу принцот Хари и актерката Меган Маркел веќе не е тајна за никого, но двајцата внимаваат  да не бидат уловени нивните интимни моменти.

Папараците сепак ја фатија познатата двојка во момент кога кралскиот член ја бакнува девојката на паркинг.

Се очекува Меган и Хари да се појават под рака на свадбата на Пипа Мидлтон, сестрата на војвотката од Кембриџ, Кетрин. Во последниот месец многу се шпекулираше дали на Маркел ќе ѝ биде дозволено присуство на прославата, бидејќи едно од барањата на Пипа беше сите гости да се во брак или свршени.