Овој пресладок ретривер ги гушка сите што ќе ги сретне!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 13.02.2017 - 21:21

Златниот ретривер Лобутан е едно од најпопуларните кучиња во Њујорк, во кое се заљубува секој што ќе го сретне!

Приказната почнува вака: Пред две години, неговиот сопственик Фернандез-Чавез бил многу тажен откако ја прекинал врската со својата девојка. Додека го шетал Лобутан низ паркот, се потсетил на тажниот раскин и седнал на клупа. Лобутан му се приближил, се исправил на двете задни нозе и го гушнал силно. Оттогаш, ретриверот не престанал да го гушка не само Фернандез-Чавез, туку и буквално секој што ќе го сретне!

Преслаткиот ретривер е вистинска атракција и има свој Инстаграм профил со речиси 60.000 следбеници, а неговиот сопственик постојано добива благодарност од случајните минувачи бидејќи им го поравил расположението, им го подобрил денот и ги потсетил дека љубовта е насекаде околу нас!

Денес не е само денот на вљубените, туку и денот на љубовта, па затоа гушнете го и вашето милениче силно и потсетете го дека сте благодарни што е во вашиот живот! :)