Овој мотел е остварување на сите ваши кошмари!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.01.2017 - 17:56

На автопатот кој води од Лас Вегас кон Рино, каде буквално нема ништо наоколу, ќе го најдете Кловновскиот Мотел. Но не се грижете доколку одлучите да преспиете, нема да бидете осамени!

Како што сугерира и самото име, друштво ќе ви прават повеќе од 500 кловнови, и тоа најјезивите што ги имате видено! А да, не дека нема буквално ништо во околината - во задниот двор на мотелот се наоѓаат гробишта!

Прашањето е: доколку би морале да бирате дали да ве изедат којоти во пустината или да поминете една ноќ во Кловновскиот мотел, што би избрале? :)