Овој маж ги расплака сите гости на свадбата

Свадбите се секогаш убави, но често во текот на свеченоста знаат да се случат и неочекувани работи. Кога матичарот го праша овој бразилски пар дали се прифаќаат еден друг и дали се спремни да стапат во брак се случи неочекуван обрт на ситуацијата.

Џесика го изовори своето „да“, а потоа се чекаше прифаќање на младоженецот. Џеферсон во моментот кога требаше да го изговори своето „да“ одржа говор, а потоа и се обрати на Џовани, осумгодишната ќерка на својата идна сопруга. Тој и рече дека е најгордиот татко ако има толку убава и образована ќерка како што е таа, и ако некогаш побара нешто од Бога, ќе биде за него да му биде ќерка и дека неговото срце и припаѓа неа. „Те сакам, љубов”, изјави Џеферсон на малата Џовани, кој му се заблагодари со солзи за таков добар татко. Сите во собата плачеа и беа воодушевени од овој потег.