Овој глумец беше првиот избор за улогата на Вин Дизел во Брзи и Бесни

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.04.2017 - 23:11

Актерот Вин Дизел се прослави со улогата на Доминик Торета во филмовите Брзи и Бесни, но тој не беше првиот избор на продуцентот.

Колегата на Вин, Тимоти Олифант ја одби улогата и тоа била најдобрата работа која им се случила, призна продуцентот на франшизите Нел Моритз. Тимоти ја одбил улогата бидејќи не се гледал во овој филм.

Се најдов со Вин во ресторан и му ја понудив улогата и по многу убедувања тој ја прифати - изјави Нел Моритз.