Овој дечко ја нацрта својата девојка како Дизни принцезите

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.01.2017 - 16:25

Понекогаш е навистина тешко да се одбере совршениот подарок за партнерот, но Брајан Флин дефинитивно постави нови стандарди кој тешко дека некој ќе ги надмине наскоро.

Имено, тој решил на својата девојка Манини Гупта да и подари оригинален подарок, па се обратил кај својот пријтел, уметникот Дилан Бонер за да ја прецрта неговата девојка како сите Дизни принцези, затоа што тоа е она што го прават најдобрите дечковци во светот.

Резултатот од ова е совршена серија на слики кои ја прикажуваат Манини како Ариел од "Малата сирена", Бел од "Убавицата и Ѕверот", Џесмин од "Аладин"...

Погледнете ги сликите од овој совршен подарок, а се надеваме дека наскоро и вие ќе добиете нешто слично од вашата сродна душа.