Овие намирници се најдобри доколку сакате здрава коса!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 28.02.2017 - 20:34

Храната што ја внесувате во себе и те како се одразува не само на вашето здравје и енергија, туку и на вашиот целовкупен физички изглед.

Доколку сакате да имате здрава, квалитетна и сјајна коса, овие прехранбени намирници трудете се да ги внесувате што почесто:

Авокадо

Освен што е една од најздравите намирници воопшто, авокадото е преполно со здрави масни киселини, витамини и антиоксиданси кои го подобруваат влакното на косата од коренот до врвовите. Освен тоа, авокадото е полно и со витамин Е кој го стимулира растот на косата и го спречува нејзиното опаѓање.

Кокос

Кокосот содржи витамин Б, но и високи количества на таканаречената лауринска масна киселина која го стимулира растот на косата.

Мрсна риба

Лососот, сардините и скушата се полни со здрави омега-3 масни киселини кои не само што го намамлуваат ризикот од срцеви болести, туку и придонесуваат за квалитетот и сјајот на вашата коса.

Чиа семе

Експертите го нарекуваат суперхрана, бидејќи чиа семето е полно со протеини, калиум, калциум, растителни влакна, цинк и други неопходни состојки. Чиа семето не помага само за здрава, цврста и сјајна коса, туку и за квалитетна кожа и нокти. Како и мрсната риба, тоа е полно со омега-3 масни киселини.

Јагоди

Шака јагоди во просек содржи 84.7 милиграми витанин Ц кој е важен за производството на колаген, кој пак е од есенцијално значење за структурирањето на крвните садови. Здравата структура на крвните садови значи здрави фоликули, односно здрав и квалитетен корен на влакното.

Јајца

Јајцата се едни од ретките природни извори на биотин кој е важен за растот и развојот на здрава и цврста коса, а оваа состојка најмногу е концентрирана во жолчката.

Моркови

Морковите содржат витамин А кој е важен за одржувањето на природната масност на косата, која е многу важна за здрав и заштитен корен на влакното.