Оваа златна рипка му помага на своето болно пријателче!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.01.2017 - 16:27

Ова неверојатно видео ќе ви покаже дека и рибите чувствуваат и имаат најдобри пријатели, и дека овие суштества се многу покомплексни отколку што се мислеше досега!

Сопственикот на овој аквариум ја објави неверојатната снимка од златната рипка која се обидува да му помогне на своето болно и изнемоштено пријателче да плива и да јаде!

Директорот на Хуманиот Институт за Наука и Однесување, Џонатан Балкомб, пишува: "Како биолог што специјализира во животинско однесување и емоции, ги поминав последниве неколку години истражувајќи го животот на рибите. Моите индиции покажуваат дека многу сме ги потцениле овие прекрасно разновидни членови на водниот свет. Собраните докази водат кон неизбежен заклучок - Рибите мислат и чувствуваат!"