Оваа жена е алергична на својот сопруг!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 21.11.2016 - 21:52

Сигурно многупати се слушнале како некој се пошегувал дека е "алергичен" на некого, но Џоана Воткинс од Минесота буквално е алергична на својот сопруг.

Имено, таа ја поминала последната година дена затворена во соба, заштитена од светлина, бидејќи има тешко имунолошко пореметување, па е алергична дури и на својот сопруг.

Џоана до неодамна живеела сосема нормален живот, во кој обожавала да планинари, да шета по плажата и да ужива во времето поминато со својот сопруг Скот, но нејзиниот живот сосема се променил кога и било дијагностицирано ретко пореметување поради кое е алергична скоро на сѐ.

Сончевата светлина не смее да влегува во нејзината соба, а толку многу е чувствителна на мириси, што нејзиниот сопруг мора да ги подготвува оброците во домот на соседите.

Синдромот на активација на масните ќелии од кои боледува е толку опасен, што дури ни сопругот не смее да биде во нејзина близина затоа што ги предизвикува алергиите, па комуницираат по пат на Скајп, а оброците и ги подава низ малку отворена врата.