Оваа симпатична двојка 37 години прави заеднички модни комбинации!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.03.2017 - 18:56

Овие неверојатно симпатични маж и жена од Јапонија се во брак цели 37 години, и секој ден прават генијални модни комбинации кои ќе ве натераат да се заљубите во нив!

На Инстаграм се потпишуваат како @bonpon511 (комбинација од нивните имиња и датумот на нивната венчавка) и имаат повеќе од 65.000 следбеници, и додека повеќето од нас имаат проблем да си најдат две исти чорапи наутро, овие фраери и нивниот беспрекорен моден стил се инспирација за многу луѓе далеку помлади од нив. :)