Оваа намирница прави чуда за оштетената коса!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 19.02.2017 - 17:34

Оваа намирница луѓето обично или ја обожаваат или не можат да ја стават во уста. Се работи за авокадото, но овојпат рецептите не се за јадење. :)

Авокадото само по себе е една од најздравите намирници на светот, а кога се работи за вашата коса, тоа прави чуда. Омега-3 масните киселини во авокадото ефективно ја хидратизираат косата и ги регенерираат сувите и испукани врвови.

Маските со авокадо доаѓаат во различни домашни комбинации, а ние ви даваме 3 предлози како да ги направите:

1. Авокадо и мед

Зрелото авокадо пресечете го на половина, излупете ја кората и извадете ја семката. Изгмечете го авокадото и додајте 2-3 лажички мед. Оваа маска се нанесува на сува коса и се остава да делува 40 минути. За поголем ефект можете да ја замотате косата со маската во проѕирна фолија, а потоа измијте ја како и обично.

2. Авокадо, јајце и маслиново масло

За оваа маска потребно ви е едно авокадо, едно јајце и 2 лажички ладно цедено маслиново масло. Авокадото се гмечи и сите состојки се мешаат, а маската се нанесува на влажна коса. Се остава да делува 20-30 минути, па косата се мие.

3. Авокадо, банана и јогурт

Помешајте половина банана, четвртина авокадо и лажица јогурт. Смесата нанесете ја на влажна коса и оставете ја да делува 20 минути, а потоа измијте ја косата.