Оваа канцеларија е совршен спој на романтика и гламур

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.12.2016 - 21:14

Канцеларијата на основачката на блогот за мода, патувања и убавина "Margo & Me", Џени Чиполети, може да се опише со три едноставни зборови - романтична, мека и убава.

Како што вели блогерката, таа сакала да ја уреди својата канцеларија во духот на својот омилен град - Париз, а токму работите кои најчесто и го фаќаат погледот кога го посетува главниот град на Франција служеле како инспирација за уредувањето.

Канцеларијата изобилува со меки тонови, впечатлив лустер и бронзени метални полици, а сето ова прави да биде совршен спој од романтика и гламур.

"Основите на зградата се едноставно прекрасни, од високите тавани до вратите и кваките. Едноставно беше потребно да се оддаде и почит на Холивуд во 1920-тите години во една од најисториските згради тука", вели Чиполети.

Но, деталите кои потсеќаат на стариот Холивуд се ништо во споредба со оние од француската престолнина, па мебелот и материјалите веднаш ќе ве одведат во Градот на светлината.

Погледнете го секој дел од оваа несекојдневна канцеларија.