Оваа фотографија ќе ве натера да ја фрлите старата шминка

Оваа фотографија ќе ве натера да ја фрлите старата шминка

Ако во чантата, несесерот или во бањата ја чувате старата шминка, после оваа фотографија ќе ја фрлите одма во корпата за отпадоци.

Многу девојки чуваат шминка која само еднаш ја искористиле и сега само им стои, а не можат да се натераат да ја фрлат бидејќи веруваат дека барем уште еднаш ќе ја искористат.

Меѓутоа, благодарејќи на фотографијата на една корисничка на социјалната мрежа, во истиот момент ќе се ослободите од старата шминка.

Наместо да ја фрли старата шминка, таа решила да направи мал експеримент. Зела примерок од шминката и ја ставила во сад. Иако немала инкубатор, летната жештина била доволна да симулира слични ефекти.

Три дена подоцна во садот го нашла ова:

Ако и вие имате шминка која е стара, не ја користите или и поминал рокот на траење, знаете што треба да направите.