Оваа девојка си го ризикуваше животот за фотка на Инстаграм!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 19:40

Руската манекенка Вики Одинцова "го извади од памет" целиот интернет, откако си го ризикуваше животот за фотка на Инстаграм!

Додека била на работа во Дубаи, Одинцова се качила на врвот на 306-метарската кула и без никаква заштитна опрема висела држејќи се само за раката на нејзиниот асистент:

Девојката потоа и се пуштила сосема да виси во воздухот, буквално оставајќи го нејзиниот живот во рацете на нејзиниот асистент:

"Сеуште не можам да поверувам дека го направив тоа. Секој пат кога ја гледам снимката, дланките ми се потат", изјави Одинцова. Богами, и нам ни се испотија! :)