Оваа девојка го спаси питбулот, и тој сега не престанува да ја гушка!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.02.2017 - 20:09

Кејла Филун е студентка од Филаделфија која во своето слободно време волонтирала во прифатилиштето за бездомни животни во нејзиниот град.

Еден ден, Кејла се сретнала со питбулот Рас, кој бил донесен во прифатилиштето откако бил пронајден претепан на улица. Кутрото животно било во лоша состојба, ужасно слабо и без крзно на опашката и на ушите.

"Седеше мирно, стуткано, и не го тргна погледот од мене. Веднаш знаев дека морам да го спасам", вели Кејла, која знаела дека во прифатилиштето животните кои се во состојба во каква што бил Рас за брзо време се успивани.

Уште следниот ден таа ги пополнила документите и го зела Рас дома, но не ни очекувала каква благодарност ќе ѝ покаже ова суштество - Рас од првиот момент кога се гушнале, па се' до денес, не престанува да ја гушка Кејла!

Благодарноста и љубовта треба да ги учиме од животните!