Ова семејство живее на Арктичкиот круг!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 05.01.2017 - 15:50

На норвешки, "Hjertefølger" значи човек кој си го следи срцето, а семејството со исто презиме навистина покажа дека е доследно на ова значење!

Во Декември 2013 година, шестчленото семејство Hjertefølger одлучи да го следи својот сон, па така тиа се преселија на Арктичкиот круг! Иако за некои е наезамисливо да живеат на најоддалечената и најстудена точка на планетата, ова семејство токму тука го најде својот мир и хармонија.

Тие живеат во таканаречена геодезиска куќа, која е изгадена во форма на полусферична структура составена од комплексна мрежа на триаголници. Куќата се напојува од соларна енергија, а е изградена од  органски материјали како што се песок, вода и глина кои штитат од силните ветрови и снегови.

Глетката на волшебната Поларна Светлина е неверојатна, а атмосферата е посебна. Браво за ова семејство што одлучи да си го следи срцето! :)