Ова се ракометарите кои ќе играат за Македонија на Светско!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.01.2017 - 02:36

Вчера беше одржана прес конференција на која селекторот на машката ракометна репрезентација, Лино Червар, го објави списокот од 19 ракометари кои ќе нѐ претставуваат во Франција на претстојното Светско првенство.

Откако претходно предизвика големи реакции во јавноста со својот поширок список, на кој не се најде голманот Борко Ристовски, сега Червар го објави и конечниот список на кој се најдоа 19 ракометари.

Покрај нашиот капитен Кире Лазаров, на теренот во репрезентативните бои ќе истрчаат и "пензионираниот" Филип Миркуловски, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов и дел од младите ракометари, како Филип Талески.

Македонија е дел од групата Б, каде во Мец ќе одигра натпревари против Шпанија, Словенија, Тунис, Исланд и Ангола.

Ова е целосниот список на ракометари кои ќе играат за Македонија:

- Никола Митревски
- Кирил Колев
- Благојче Трајковски
- Никола Маркоски
- Дејан Манасков
- Гоце Ојлески
- Гоце Георгиевски
- Мартин Поповски
- Стојанче Стоилов
- Жарко Пешевски
- Велко Маркоски
- Филип Талески
- Марко Нелоски
- Кирил Лазаров (капитен)
- Филип Лазаров
- Филип Миркуловски
- Стефан Дрогришки
- Ристо Арнаудовски
- Влатко Митков