Ова се последиците од недостаток на сон!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.02.2017 - 20:18

Модерното живеење наметнува огромен број на секојдневни обврски за кои понекогаш ни 24 часа не се доволни, па не е ни чудо што се' подоцна си легнуваме, а се' порано стануваме од спиење.

Доколку спаѓате во возрасната група од 18 до 64 години, 7-9 часа сон се доволни за нормално функционирање. Но, дали знаете што се случува со вашето тело и мозок кога хронично не спиете доволно?

1. Се разболувате

Нашиот имунолошки систем е директно поврзан со спиењето, а недостатокот на сон му отежнува на телото да се бори против разните болести.

2. Имате потешкотии со логичкото размислување и брзото реагирање

Што понекогаш може да претставува реална опасност, како на пример кога возите автомобил или кога треба да донесете сериозна животна одлука.

3. Се дебелеете

Доколку спиете помалку од пет часа ноќе, бидете сигурни дека тоа ќе биде видливо на вашата линија.

4. Кожата го губи квалитетот

Брчки, испукани капилари, акни, старечки дамки... И не само кожата - целото тело побрзо старее кога немате доволно сон.

5. Се зголемува ризикот од канцерогени и кардиоваскуларни заболувања

Треба ли објаснување?

6. Се губи сексуалниот нагон

Со помалку од пет часа сон, количината на хормони одговорни за сексуалниот нагон опаѓа за 15 проценти.

7. Заборавате важни работи

Додека вие спиете, вашиот мозок ги прераспоредува и организира насобраните информации. Недостатокот на сон ја попречува оваа функција, па така може да почнете да заборавате важни работи како датуми, состаноци и слично.