Ова се најслатките мали крадци што сте ги виделе!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 12.01.2017 - 12:59

Откако чоколатца и грицки почнале да исчезнуваат од продавницата на родителите на Синди Ким од Торонто, таткото на Синди поставил сигурносни камери за да го фати крадецот.

Тоа што го открил го изнасмеало - крадците биле мали верверички кои брзо и вешто ја "диплеле" робата од продавницата! Синди вели дека најсмешниот дел е дека на овие крадци омилено им е чоколатцето Киндер Буено и тоа најмногу го крадат.

Имаат добар вкус! :)