Ова се најдобрите подводни фотографии на годината!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.02.2017 - 18:10

Интимната фотографија на октоподот кој плива сам низ плитките води, му ја донесе гран при наградата на фотографот Габриел Баратеу за "Најдобра подводна фотографија на годината", според престижниот магазин "National Geographic".

Победничката фотографија се вика "Dancing Octopus", а била создадена во лагуната на малиот остров Мајоти, во Индискиот океан.

"Начинот на кој се движи е толку поразличен од сите други предатори на копното. Ова навистина би можело да е вонземјанин од друг свет", вели Алекс Мастард, еден од судиите на конкурсот.

На натпреварот учествувале над 4.500 фотографии од фотографи од 67 различни земји во светот. Погледнете ги и останатите победнички фотографии кои ќе ви го прикажат мистериозниот подводен свет...