Ова се десет земји каде што живеат најзгодните мажи според блогерката Глорија

Ова се десет земји каде што живеат најзгодните мажи според блогерката Глорија

Блогерката Глорија Атанмо посети пет континенти и 43 земји и направи детален список од десет земји во кои, според неа, се најзгодните мажи во светот.

Ова е нејзината листа од последното 10-то место.

Куба

Во Кубанците ја воодушеви бојата на кожата и очите.

“Тие го знаат патот кон женските срца. Тие ќе ги натераа атеистите да веруваат дека постои Бог”, заклучи таа.

Грција

И Грците ја освоија со темниот тен и бујната темна коса, и кај нив пресудија нивните згодни тела.

“Грците се прекрасни и ќе лажам ако речам дека се враќам таму само поради вкусна храна”, тврди блогерката.

Мароко

“Ако сеуште не ве бакнавте Мароканец, уште не сте живееле целосно”, вели Глорија.

Израел и Палестина

“Тоа нешто не е во нивната густа брада и пријатна насмевка, туку во чесни зборови и страстен тон”, рече оваа авантуристка.

Шпанија

Ја освоија со страсниот танц.

“Откако се сретнав со толку многу убави Шпанци, кога ме прашаа од каде доаѓам само го кажав моето име”, рече таа.

Италија

“Најголемиот дар од Бог на Земјава”, ги опиша Италијанците кои секогаш ги третираат жените како кралици.

Германија

Таа ги опишува Германците како мажи со строг изглед, што е она што ги прави неверојатно секси.

Србија

Србите ја освоија со висината и кои изгледаат како “да треба да ги осигураат”. Глорија вели дека српските жени се многу убави, а Србите имаат големо чувство за мода, но нивниот акцент е многу секси.

Шведска

“Швеѓаните се познати како убави модели, но во исто време тие се многу скромни”, Глорија ја освоија со светлиот тен и отвореност.

Аргентина

Аргентинците ја воодушевија највеќе.

“Латино страста помешана со европските класици”, опис што го даде за аргентинците.