Ова моментално е најпопуларниот нос

Ова моментално е најпопуларниот нос

По Мелани Трамп, Анџелина Џоли и Ким Кардашијан, жените повеќе сакаат да го достигнат изгедот на актерката и идната принцеза Меган Маркл.

Иако многу жени се обидуваат да го копираат модениот стил на Меган Маркл, њујоршкиот пластичен хирург Дејвид Канг објаснува дека многу жени се подготвени да одат под нож за да со помош на корекции да го достигнат обликот на нејзиниот нос.

„Обликот на носот на Меган, односно назалните пропорции се убаво комбинирани со остатокот од нејзиното лице, така што линиите изгледаат правилно и симетрично”, објасни тој.

Дејвид открива дека интересот за оваа форма на нос започнал во изминатите неколку месеци, бидејќи односот со принцот Хари стана сериозен, па имаа прилика подобро да ја запознаат и Меган.