Ова маче не може да заспие ако некој не го држи за рака!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 21:37

Запознајте го Џејми, 13-годишниот мачор кој завршил во прифатилиште за бездомни животни откако неговиот сопственик го однеле во дом за стари лица.

Вработените во прифатилиштето се грижеле дека никој нема да сака толку старо животно, но тогаш се појавила младата девојка по име Сара Демпси. "Кога го запознав Џејми, тој дремеше, но кога ме здогледа веднаш дојде да се гали", вели Сара.

Сара го посвоила Џејми и го однела во својот дом, и уште првите неколку дена забележала нешто необично - Џејми не може да заспие ако некој не го држи за рака!

Сара вели дека таа и Џејми многу се поврзале и сега тој ја следи насекаде низ куќата, а ако му ја пушти раката додека спијат заедно, веднаш ја фаќа со шепите и ја враќа на место. :)