Ова кутре успеа да им ја изеде целата Божикна мисирка!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 29.12.2016 - 10:53

Пред Божикната вечера, едно мало алчно кутре по име Буба успеа тајно да се вовре во кујната и да ја изеде целата мисирка! Најсмешното е тоа што потоа не ни можеше да избега од "местото на злосторството" затоа што буквално не можеше да се помрдне!

Нејзиниот сопственик Дејвид Берет оваа пресмешна сцена ја сподели на Твитер: "Нема шанси дека успеа да ја изеде целата мисирка!", напиша Дејвид.

Алчната Буба оставила само едно парченце од мисирката, кое секако не беше доволно да го нахрани целото семејство на Дејвид, но за среќа неговите роднини наредниот ден се појавија со нова мисирка, која овојпат не ја испуштаа од вид. :)

Целата приказна заврши весело и во празнична атмосфера, а Буба си доби диета како новогодишен подарок! :)