Ова е првата секс играчка со кампања на "Kickstarter"!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 04.11.2016 - 18:31

На платформата за собирање на почетен капитал на интересните идеи досега сме имале можност да видиме сѐ и сешто, од рачно сплетени бради до сапун што мириса на сланина.

Но, досега никогаш немало секс играчка на оваа платформа, сѐ до 3-ти ноември кога започна кампањата за собирање на пари за производство на новиот вибратор на компанијата "Dame Products".

Претходно, за нивниот деби производ "Eva" тие собираа пари на платформата "IndiGogo", а сега креаторките Александра Фајн и Џенет Либерман одлучија да се обратат кон полесната за користење платформа, каде го претставија прототипот за нивниот нов производ "Fin".

Имено, овој вибратор се држи помеѓу прстите за да се зголеми максималното ниво на уживање, а во описот стои дека нема додатоци како батерии кои "го убиваат расположението".

Повеќе за првата секс играчка на "Kickstarter" погледнете во видеото!