Ова е новото момче на Јелена Розга

Ова е новото момче на Јелена Розга

Јелена Розга и Стјепан Хаусер ги изненадија сите фанови кога после две ипол години ставија точка на нивната љубов.

Поранешниот пар не сакаше да ги открива деталите од раскинувањето, но извор тврди дека тие раскинале на мирен начин. А само неколку недели откако ја раскина свршувачката, познатата пејачка веќе си најде ново момче.

Како пренесуваат медиумите, на Розга во око и падна 9 години помладиот фудбалер Кристиан Ипса. Врската сеуште не е сериозна. Медиумите дојдоја до оваа информација бидејќи младиот Кристиан им се фалел на своите пријатели дека со Јелена веќе со недели разменува љубовни пораки.

Во врска со ова до сега не се огласија ниту пејачката ниту фудбалерот.