Ова е новогодишната елка во Лафајет во Париз

Ова е новогодишната елка во Лафајет во Париз

Лафајет во Париз апсолутно ја надминува конкуренцијата со својот раскош и со уште една традиција – спектакуларните, различни, новогодишни елки секоја година.

Досега новогодишните елки во центарот на Лафајет биле снежни, обложени со Сваровски кристали, па дури една и висеше наопаку, а оваа година очигледно се одлучија за шарена варијанта.

Новогодишната елка за оваа година беше претставена на почетокот на ноември, а е збир од шарени балони во облик на колачи, лижавчиња и макарунси.