Ова е новата Nokia 8

Ова е новата Nokia 8

Сајтот Venture Beat објави фотографии од новиот паметен телефон Nokia 8 од кои може да се види дека има две Zeiss камери кои по гласините треба да имаат резолуција од 13MP.

 

Што се однесува до останатите опции, овој модел може да има 5,3 инчен екран, 2560х1440 пиксели, Snapdragon 835  процесор, 4 или 6 GB RAM и 64GB простор за складирање на податоци.

Според информациите на сајтот WinFuture цената на овој телефон ќе изнесува 589 евра.

Телефонот најверојатно ќе има Андроид верзија 7.1.1 Nougat.

Во извештајот се вели дека телефонот треба да биде објавен на 31-ви јули.