Ова е најскапото парче накит носено во историјата на Оскарите!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 27.02.2017 - 20:43

Оскарите поминаа но фамата околу нив со сигурност ќе потрае уште некој ден бидејќи сепак има толку многу да се зборува - фустани, храна, фризури, накит...

А кога зборуваме за накитот, оваа година видовме навистина импресивни и уникатни парчиња за кои уште долго ќе се зборува. Но, ниту тие не можат да се мерат со накитот кој ѕвездите го носеа низ историјата, а е толку скап што ќе ви се заврти во главата!

Ќе го започнеме одбројувањето кое завршува со најскапото парче накит носено досега на Оскарите, а неговата цена изнесува неверојатни 20 милиони долари:

Обетките на Анџелина Џоли - цена: 2.5 милиони долари

Обетките на Пријанка Чопра - цена: 3.2 милиони долари

Алката на Сандра Булок - цена: 6.4 милиони долари

Ѓерданот на Никол Кидман - цена: 7 милиони долари

Обетките на Лејди Гага - цена: 8 милиони долари

Ѓерданот на Шарлиз Терон - цена: 15 милиони долари

Легендарниот ѓердан од "Титаник" на Глорија Стјуарт - цена: 20 милиони долари