Ова е најскапиот BMW модел во моментов!

Ова е најскапиот BMW модел во моментов!

На врвот на понудата на германскиот авто производител BMW се наоѓа моделот од Серијата 7, кој ја доби магичната буква “M”.

Станува збор за моделот од висока класа M760i xDrive, кој во Германија чини 168.090 евра, што ќе го направи најскапиот модел сѐ до 2019 година, кога баварскиот производител би требало да го претстави својот ултралуксузен SUV X7.

Автомобилот претставува извонреден спој на луксуз и спорт, а се движи на 6,6-литарски V12 бензински битурбо мотор со 610 КС и 800 Nm обртен момент кој се пренесува на двете осовини.

Споменатите бројки се доволни за M760i xDrive да пристигнува до “стотка” за само 3,7 секунди и да развива максимална брзина која е електронски ограничена на 250 km/h. Со опционалниот M Driver пакет, максималната брзина изнесува 305 km/h.

BMW во овој модел го нуди целиот свој луксуз на купувачите, а тука е можноста и за одбирање на бесплатниот опционен пакет Excellence, кој доаѓа со поинакви 20-инчни тркала, повеќе хромирани детали на каросеријата и повеќе дрвени панели во внатрешноста.