Ова е најлуксузниот крузер во светот!

Ова е најлуксузниот крузер во светот!

Крузерот “Seven Seas Explorer” се смета за еден од најлуксузните бродови изградени во историјата. Во неговата изградба се вложени 450 милиони долари, а со богатата понуда на раскошни апартмани, уметнички спа центар и театар заслужено го носи епитетот “најлуксузен”.

Компанијата “Regent”, која е сопственик на овој крузер денес официјално ќе го означи почетокот на неговиот живот на вода, а ќе го “крсти” принцезата Шарлен од Монако.

Бродското ремек-дело е долго 1.354 метри, а во него се вложени повеќе пари отколку во било кој друг крузер ширум светот. Официјално ќе започне да плови на 20-ти јули низ Европа, по што ќе продолжи кон Мајами.

Располага со двособни апартмани во кои има спа, а надворешниот дел направен од стакло пружа поглед од 270 степени кон отвореното море. Во дневната соба се наоѓа бар од црн мермер со црни лакирани столици.

На бродот се наоѓа и голем базен покрај кој има два бара – еден за послужување на пијалоци и еден за храна, во која спаѓаат специјалитети на скара, морска храна, сендвичи и свежа салата. Тука се и рестораните кои нудат удобност надополнета со жива музика.

Сите предмети на бродот се дела на познати дизајнери, меѓу кои е и Версаче.